Mg - магнезиум комплекс
Уникатна комбинација на минерали насочена кон: подобрен имунитет, подобрено здравје на коските и правилна работа на мускулите.

Уникатна комбинација на минерали насочена кон: подобрен имунитет, подобрено здравје на коските и правилна работа на мускулите.
Калциум, цинк и магнезиум поддржани од доза на витамин Д3 за нивна подобра апсорпција, ќе им биде од корист на сите кои:
- имаат потреба од зајакнување на имунитетот,
- немаат доволен внес на некој од наведените минерали,
- луѓе со посебен начин на исхрана, на пример вегани кои вообичаено имаат понизок внес на калциум,
- пациенти со остеопенија или остеопороза,
- луѓе кои интензивно вежбаат и се многу активни.
Минералната комбинација прави само со една таблета на ден да се постигнат оптимални нивоа н клучните минерали за нашиот организам.


МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е еден од седумте есенцијани макроминерали, или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества – најмалку 100mg дневно.
Многумина слушнале за улогата на магнезиумот во однос на нервните импулси, можеби и дека е значаен за здравјето на срцето, но далеку од тоа дека тука завршуваат улогите на магнезиумот во нашето тело.
На пример, магнезиумот е незаменлив за работата на над 300 ензими во нашето тело, учествува во производството на енергија за телото (АТП), синтезата на ДНК и РНК, го штити здравјето на мозокот, учествува во прочистувањето на телото од токсини итн.
Најважни функции:
- Здравје на коските - Џабе се и калциумот и витаминот Д без магнезиум - Магнезиумот учествува во регулацијата на транспортот на калциумот, во формирањето на нова коскена маса, активацијата на витаминот Д во неговата функционална форма, во стимулацијата на калцитонинот и потиснување на паратхормонот..
- Значајна функција за нервниот систем - Магнезиумот делува како ,,стражар” на одредени рецептори кои се наоѓаат во нервните клетки и допринесуваат за развојот на мозокот, меморијата и способноста за учење. При нормални услови, односно кај здравите поединци, магнезиумот ,,стои” на овие рецептори и превенира нивна стимулација од слаби сигнали кои би можеле да ги надразнуваат нервните клетки сосема непотребно. При пониски нивоа на магнезиум, овие рецептори можат да бидат престимулирани, што во крајна линија може да води и до оштетувања на нервните клетки.
- Кардиоваскуларно здравје - Магнезиумот е важен за оддржување на нормалниот ритам на отчукување на срцето.
Заедно со калциумот, имаат есенцијална улога во генерирањето на срцевите контракции. Кога калциумот ќе навлезе во мускулните клетки на срцето, стимулира нивна контракција, додека магнезиумот е одговорен за нивната релаксација. Ако нивоата на магнезиум се прениски, калциумовите јони можат да доведат до престимулација на срцевиот мускул, што води кон неправлиен срцев ритам, ситуација која во крајна линија може да биде животозагрозувачка. Дополнително на ова, ензимот кој е клучен во генерирањето на мускулните контракции, има потреба од магнезиум за да функционира. Истражувањата исто така укажуваат дека магнезиумот делува на намалување на високиот крвен притисок.
● Регулација на мускулните контракции - Слично како и кај срцевиот мускул, магнезиумот делува како ,,блокатор” или релаксирач на сите мускулните контракции. Во недостаток на магнезиум, мускулите имаат сé поголем број на контракции, што често доведува до грчеви и отоци. Затоа, магнезиумот е прв третман при грчеви во мускулите.
● Значајна улога во регулацијата на метаболизамот на инсулин - Една студија од 2015 година ни дава податоци според кои можеме да заклучиме дека огромниот дел од луѓето со дијабет имаа ниски нивоа на магнезиум и дека магнезиумот може да игра значајна улога во справувањето со оваа болест. Факт е дека недостатокот од магнезиум може да ја вложи инсулинската резистентност, состојба која често води кон дијбетес тип 2. Но и преголемите количества магнезиум можат да бидат проблем за дијабетичарите, затоа треба особено да се внимава. Според некои студии, правилното суплементирање со магнезиум се покажало како успешно во подобрувањето на инсулинската сензитивност.
Кои се можните последици при недостаток на магнезиум?
Според претходно наведените значајни функции, можеме и да претпоставиме дека недостатоците од овој минерал можат да бидат навистина проблематични. Тука влегуваат:
- Замор
- Намалена можност за вежбање
- Слабост на мускулите
- Грчеви на мускулите
- Астма
- ПМС
- Менструални грчеви
- Главобокла и мигрена
- Фибромијалгија
- Несоница
- Синдром на немирни нозе
- Иритабилност
- Депресија
- Покачен крвен притисок
- Остеопороза
- Срцеви аритмии

Препорачани количини за внес и природни извори на магнезиум
Препораките за внес на овој минерал се движат од 300-400mg дневно.
За жал, модерната исхрана богата со шеќери, бело брашно, термички обработена и замрзната храна, дополнително го намалува нивото на магнезиум во нашето тело, односно телото на располагање има помали количества магнезиум од што му се потребни. Плус на тоа, голема количина од магнезиумот и слабо се апсробира, а за време на термичката обработка, храната исто така се губи помеѓу 40-70% од магнезиумот.
Затоа, во честопати како решение се јавува суплементирањето со магнезиум.
ЦИНК
Без цинк, нема имунитет!
Цинкот е вториот најзастапен ,,минерал во трагови” во човековиот оранизам, веднаш по железото.
Негово присуство е утврдено во над 100 различни ензими во телото.
Тој е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните итн.
Но, сепак, можеби најпознатото позитивно влијание на цинкот во организмот е негото моќно дејство во сузбивањето на настинките и другите инфекции кои се развиваат, типично, во студените месеци од годината. Цинкот се ,,бори” со штетните соединенија кои постојано се формираат во организмот како резлутат на различни реакции – слободните радикали.
Ваквото антиоксидативно дејство на цинкот има позитивно влијание за целокупното здравје на човекот, па така и за имунитетот. Нешто што е дополнително позитивно.

● Цинкот и имунитетот - Имуниот систем, како главен одбранбен механизам на организмот од најразличните инфекции и други закани е од огромна важност за целокупното здравје. Недостатокот на цинк во организмот, може да доведе до супресирана функција на имуниот одговор. Дури и малиот недостаток, може да има влијание на макрофагите и неутрофилите, природните имуни клетки-убијци. Исто така, на организмот му е потребен цинкот за да создаде Т-лимфоцити. Така, некои студии правени во земјите во развој, укажуваат дека некои тешки пневомии и други инфекции кај пациентите се предизвикани токму од супресираниот имунитет како резултат на дефицитот од цинк.
● Функција во заздравување на раните - Цинкот помага во одржувањето на еластичноста на кожата и мукозната мембрана, што е особено важно при повреди. Тој исто така помага во продукцијата на здрава коса, нокти и здрави кожни клетки.
● Дијареа - Акутната дијареа е помеѓу болестите со најголема смртност кај децата во земјите во развој. Недостатокот од цинк во исхраната може да е помеѓу главните причини за појавата на оваа болест. Цинкот игра значајна улога во имуниот одовор кој е намален кај овие деца, па тие се попдложни на инфекции како онаа која е предизвикувач на дијареата.
● Болести на очите - Истражувачите даваат податоци дека цинкот во комбинација со некои антиоксиданти може да ја намали прогресијата во губењето на видот кај старите лица. Ова дејство се одвива преку превенирањето од оштетувањето на клетките на ретината во окото.
● Грип и различни типови на настинки - Секако, имајќи го во предвид дејството на цинкот на правилното функционирање на имуниот систем и неговиот капацитетот во целина, тој индиректно ќе влијае и на веројатноста од развојот и компликациите од грипот и различните настинки.
Така, нормалните нивоа на цинк во организмот се многу значајни. Имено, една стдија утврдува значително, директно влијание на цинкот во намалување на ризикот од компликации или целосно спречување на инфекциите предизвикани од вируси со различен степен на опасност. Истражувачите утврдиле дека цинкот може да ја намали опасноста од тешки последици од инфекциите и да го намали траењето на самите симпотми. Механизмот на ова дејство е сè уште на ниво на хипотеза. Хипотезата е дека ваквото позитивно дејство на цинкот се должи на неговото директно дејство на инхибирање или спречување на риновирустот да се врзе и реплицира во носното ткиво.
Постојат повеќе студии кои го утврдуваат позитивниот ефект на цинкот при грип и настинки
– Правено е истражување на 50 испитаници со симптоми на грип. На секои 5 часа, половината од нив земале таблета цинк ацетат, додека другите плацебо таблета. Оние кои земале цинк ацетатни таблети имале значително намален период на симптоми (кашлица, главоболка, течење на носот и болки во телото и мускулите).
– Друга пак, клиничка студија, за испитаници имала 273 доброволци кои биле заразени со грип. На ист начин, половината примале терапија во вид на цинк глуконат, а другата половина плацебо таблета. Резултатот бил ист: намален период на симптоми.
КАЛЦИУМ
Калциумот е најзастапениот минерал во човековото тело, а најдобро е позната неговата улога за здравјето на коските и заштитата од остеопороза. Сепак, треба да се знае дека далеку од тоа дека тука завршуваат неговите функции во организмот.
Главните улоги на калциумот во организмот
Калциумот игра клучна улога во многу процеси кои се одвиваат во организмот и е неопходен за нормалното функционирање на клетките.
Пренесување на нервните сигнали, секреција на хормони, правилна коагулација на крвта, мускулни контракција и релаксација, се само дел од најзначајните функции на овој минерал. Знајќи го ова, логично е да се заклучи дека неговиот дефицит и те како може да биде проблематичен во однос на нарушување на споменатите физиолошки процеси и дека не е само остеопорозата она што треба да нé загрижува ако не внесуваме доволно калциум преку исхраната.
Недостаток на калциум е честа појава
Недостатокот од калциум во организмот е дефиниран како хипокалцемија. Доколку не се препознае ваквата состојба, на долг рок таа може да води дури и кон животозагрозувачки состојби. Затоа е многу важно да се препознаат симптомите на хипокалцемијата и да се реагира.
Долготрајниот дефицит може да предизвика проблеми со забите, катаракта, ментални нарушувања, остеопороза, односно многу кревки коски подложни на скршеници.
За жал, хипокалцемијата е доста застапена помеѓу населението, односно луѓето често не го внесуваат калциумот доволно преку исхраната или преку правилното суплементирање, па страдаат од симптомите на недостаток.
Фактори кои попречуваат нормална апсорпција на калциум
Дополнително, бројни фактори предизвикуваат попрчување во апсорпцијата на калциум, а тоа на подолг рок може да води и до хипокалцемија. Такви фактори се:
◦ недостаток од витамин Д
◦ недостаток од магнезиум
◦ преголем внес на натриум и фосфор(сол, адитиви во храната и газирани пијалаци)
◦ хронични бубрежни заболувања
◦ нарушена функција на тироидната жлезда
◦ операции за намалување на обемот на желудникот
◦ некои видови на терапии (инхибитори на протонската пумпа, хемотерапија, терапии за епилепсија)

Симптоми на недостатокот од калциум
Симптомите на хипокалцемијата можат да варираат во навистина широки граници – од непостоечки до тешки и животозагрозувачки. Хроничниот нетретиран недостаток може да доведе до тешки последици, вклучително рахитис, остеопенија и остеопороза.
Дури и ако дефицитот не се манифестира со никакви симптоми, посебно во раната фаза, метаболитичките нарушувања и потенцијалните дисфункции веќе се случуваат.
Ниските нивоа на калциум во крвта и недостатокот од калциум можат да водат кон следните симптоми:
- расипување на забите
• лош квалитет на коса
• сува кожа
• мускулна слабост и чести грчеви
• хроничен нагон за чешање
• псоријаза
• катарака
• кршливи нокти
• симптоми на остеопороза
• пецкање во екстремитетите и околу устата
• хроничен замор
• нарушена интелектуална способност, лесна надразливост, депресија, анксиозност
• промени во гласот поради истегнување(спазам) на мускулите на гркланот
• проблеми со голтањето
• болки во градите
• срцева слабост
• онесвестување
Кога ќе му наведете некои од споменатите симптоми, докторот ќе ви препорача тестирање на крвта за утврдување на нивото на калциум.
Третман и превенција
Колку калциум е потребен од исхраната и суплементирањето и во каква форма за да се превенира хипокалцемијата? Колку калциум е потребен за да се постигне оптимално здравје?
Ова прашање е предмет на дебата во научниот свет, помеѓу докторите и нутриционистите. Одделот за исхрана и нутриција на Американската академија за медицина (AMA), заклучува дека не постојат доволно податоци за да се утврди точно потребниот внес на овој макроминерал преку исхраната и суплементите.
Наместо тоа, тие дефинираат ,,адекватен” внес на калциум кој се движи од 1000mg за возрасни лица, до 1200mg за лицата постари од 50 години.
Околу 1% од вкупниот калциум на телото е потребен за одвивањето на клучните физиолошки функции. Телото го складира вишокот калциум во коските и ткивата, за кога ќе паднат неговите нивоа во крвта, повторно да го земе од нив.
Дозирање:
1 таблета на ден (во едно шишенце има дози за 1 месец)


Mg - магнезиум комплекс - СОСТАВ:
- Магнезиум (магнезиум стеарат, магнезиум оксид) 250mg (66,6% од Препорачаниот дневен внес),
- Калциум (калциум карбонат) 500mg (62,5% ПДВ),
- Цинк (цинк оксид) 15mg (150%ПДВ),
- Витамин Д3 (холекалциферол) 2,5mcg (50% ПДВ), целулоза, хидроксипропилметилцелулоза.