ФиброГел
ФИБРОГЕЛ е природен лаксатив, односно придонесува за здраво и редовно празнење на цревата. Неговиот механизам да дејствување е преку создавање ВОЛУМЕН на изметот.
Постојано се поставува прашањето: Кој е најчестиот недостаток во исхраната?
Иако мислите дека лесно ќе го претпоставите одговорот, веројатно ќе згрешите. Она што најмногу недостасува во популарно наречената ,,западна” или ,,модерна” исхрана на која самите припаѓаме е фиберот или растителните влакна.
Статистиките се недвосмислени, само 5% од американското население ги задоволува потребите од фибер. Заради сличните навики, ситуацијата е сосема слична и во западна Европа и во Македонија.
Потребите за растителни влакна се движат од 25g за жените, до 38g за мажите.
Ваквиот недостаток е во директна релација со низа проблеми поврзани со здравјето: хроничен запек и нередовно празнење, различни проблеми со дигестијата, зголемена телесна тежина, намален диверзитет на микрофлора - сето ова понатаму неминовно се одразува и на општото здравје.
И решението навидум изгледа едноставно - внесување повеќе растителни влакна преку храната.
Сепак, праксата покажува дека модерниот начин на живот честопати не дозволува доволен внес на фибер. Така, како неизоставен дел од решение се наметнува и суплементирањето со растителни влакна. Дефинитивно најдобар избор за суплементирање е псилиумот или ФИБРОГЕЛ.
Станува збор за водорастворливи растителни влакна. ФИБРОГЕЛ е природен производ, всушност лушпи од семето на растението Plantago ovata. Во светот има повеќе имиња, помеѓу кои се и: испагула, псилиум, исабгол и други. Во основа, ФИБРОГЕЛ се состои од природни растителни влакна, па затоа велиме дека е ПРЕБИОТИК и претставува супстанција потребна за природен раст и развој на корисните бактериите (ПРОБИОТИЦИТЕ) во нашите црева.
Докажани и потенцијални ефекти од употребата на ФИБРОГЕЛОТ:
Природно прочистување на цревата и подобро дигестивно здравје
Помека столица -
значитечна помош при хемороиди
Природен суплемент - растителни влакна
Природна помош за регулирање на холестеролот и подобро здравје на срцето
Оптимизирано регулирање на шеќерот
Поуспешно слабеење
Природно прочистување на цревата и подобро дигестивно здравје
ФИБРОГЕЛ е природен лаксатив, односно придонесува за здраво и редовно празнење на цревата. Неговиот механизам на дејствување е преку создавање ВОЛУМЕН на изметот. Значи, забрзувањето на перисталтиката не е врз основа на дразнење на цревата, туку врз основа на зголемениот волумен и мекост на изметот. Затоа и не создава зависност, како други лаксативи, туку едноставно ги раздвижува цревата.
Фиберот го подобрува дигестивно здравје – подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареа, запек, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, воспаленија (синдром на нервозни црева, гастритис) итн. Доволниот внес на растителните влакна ги оптимизира, односно допридонесува за соодветна регулација на тежината, тврдината и големината на фецесот.
Помека столица - значителна помош при хемороиди
ФИБРОГЕЛ придонесува за формирање на мека столица и помага во сите состојби каде таа е потребна, како на пример кај хемороиди.
Природна помош за регулирање на холестеролот и подобро здравје на срцето
Покрај ефектите на перисталтиката, ФИБРОГЕЛ придонесува за подобра контрола на холестеролот.Имено, кога растителните влакна се движат во цревата, тие имаат капацитет да го врзат холестеролот и да го изнесат од организмот.
доволниот внес на фибер се поврзува со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и тоа во сериозни студии со огромен број на испитаници, следени со години. Една таква студија, од Универзитетот Харвард, САД, следела над 40 илјади машки здравствени работници, при што утврдила дека оние што имале исхрана најбогата со фибер, имале намален ризик од срцеви заболувања за дури 40%. Друго истражување, со женски испитанички, покажува доста слични резултати и заклучоци.
Причините за драстично намалениот ризик се движат во неколку насоки: фиберот може да го намали нивото на холестерол и триглицериди во крвта, потоа да го регулира шеќерот во крвта, да помогне во намалувањето на крвниот притисок, да превенира метаболен синдром и не помалку важно – да го намали хроничното воспаление во ораганизмот.
На пример, студиите покажуваат дека псилумот може да го намали холестеролот во крвта, преку врзување на мастите и жолчните киселини во цревата, со што телото поуспешно и побрзо ги исфрла. Како телото надоместува за изгубените жолчни киселини, така црниот дроб троши холестерол. Последиците се логични, холестеролот во крвта паѓа. Дополнително, паѓаат и мастите, а нивото на ,,добриот” LDL холестерол се зголемува.
Сите споменати фактори, во најголема мера определуваат какво ќе биде нашето кардиоваскуларно здравје.
Оптимизирано регулирање на шеќерот
Растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето, а нè оставаат и постојано гладни. На тој начин се намалува и гликемискиот индекс на целокупната присутна храна во дигестијата.
Заради претходно наведените факти, не е воопшто изненадувачки што истражувањата конзистентно покажуваат дека исхраната богата со фибер, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2.
Поуспешно слабеење
Освен преку регулрањето на глукозата (обезбедуваат нејзино постепено апсорбирање во крвотокот), фиберот делуваа на заситувањето и преку врзувањето на вишокот вода во стомакот, со што се поттикнува чувство на полн стомак.
Намалувајќи го ризикот од гојазнот, фиберот допринесува за намалување на сите ризици кои одат рака под рака со вишокот телесна тежина, а тие се навистина бројни и незгодни.
Симптоми на недостаток на растителни влакна?
Иако не секогаш симптомите на недостаток се сосема јасни и можат да се издвојат како такви, постојат 6 знаци кои можат силно да укажат на дефицит од фибер:
Проблеми со запек кои постојано се повторуваат.
- Зголемена телесна тежина.
- Повишен холестерол
- Зголемена хронична инфламација
- Силни промени на глукозните нивоа во крвта.
- Замор, безенергичност, гадење и општо чувство на слабост.
Дневните препорачани количества фибер кои треба да се внесуваат се: околу 38g за мажи и околу 25g, за жени. Кај повозрасните мажи, препораката е околу 30g, а кај повозрасните дами – околу 20g.
Дозирање:
За забрзување на перисталтиката се препорачува по една лажичка во голема чаша вода после оброк, до три пати на ден. Кога ќе се воспостави добро и редовно празнење на цревата – доза на одржување е една лажичка дневно.
Се препорачува да не се остава подолго во чашата вода бидејќи ќе добие гел структура и може да бида малку непријатно за консумирање. Значи, лажичката Фиброгел се додава во голема чаша вода, се размешува и набргу се пие.
Ефектот е видлив во рок од 24 – 42 часа од земањето на првата доза.
Во однос на слабеењето: се зема 15-тина минути пред првите два оброци во денот, на истиот начин.
ФИБРОГЕЛ - НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ:
Нутритивна вредност на 100g/Nutrition facts per 100g:
- Енергија / Energy 200kcal / 837kJ
- Протеини / Protein 4,6g
- Масти / Fat 0,5g
- Заситени масти / Saturated fat 0,06g
- Јаглехидрати / Carbohydrate 77,3g
- Влакна / Fiber 75,3g
- Сол / Salt 0g
100g СОДРЖАТ: 75,3г РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
Корисни линкови и научни истражувања
The effects of psyllium on lipoproteins in type II diabetic patients
Lipid- and glucose-lowering efficacy of Plantago Psyllium in type II diabetes
Effects of psyllium on metabolic syndrome risk factors
Therapeutic effects of psyllium in type 2 diabetic patients
Lipid- and glucose-lowering efficacy of Plantago Psyllium in type II diabetes
Effect of method of administration of psyllium on glycemic response and carbohydrate digestibility
Lipid- and glucose-lowering efficacy of Plantago Psyllium in type II diabetes
Psyllium decreased serum glucose and glycosylated hemoglobin significantly in diabetic outpatients
Dietary fibres, fibre analogues, and glucose tolerance: importance of viscosity
Testing control of radiation-induced diarrhea with a psyllium bulking agent: a pilot study
Psyllium is superior to docusate sodium for treatment of chronic constipation
An unfermented gel component of psyllium seed husk promotes laxation as a lubricant in humans
The effects of a supplement of dietary fibre on faecal excretion by human subjects
Digestibility and bulking effect of ispaghula husks in healthy humans
Bulk laxative efficacy of a psyllium seed hydrocolloid and of a mixture of cellulose and pectin
Beneficial health properties of psyllium and approaches to improve its functionalities