Гликобаланс
- Го балансира нивото на шеќерот во крвта
- Помага во одржување на нормално ниво на шеќерот во крвта.
- Придонесува за нормален метаболизам на шеќерот и инсулинот

Проблемите со нарушените нивоа на шеќер во крвта, за жал стануваат се’ почести. Ова важи во светски рамки, а кај нас во Македонија проблемот дефинитивно е еден од најзначајните за јавното здравје.
Пациентите со нарушена гликемија се во најтесниот фокус на работењето на Д-р Митов. Во сржта на нашиот пристап е потпирање на природното, односно менување на навиките и на она што го секојдневно го консумираме.
Искуствата покажуваат бројни позитивни примери, но неретко и комплетна ремисија кај нашите пациенти.
Токму во оваа насока беа и напорите да најдеме природна формулација што успешно ќе допринесе во регулацијата на шеќерот. По долго истражување, Д-р Митов го одбра суплементот со формулација што има најсилен ефект во нормализирањето на шеќерот во крвта - екстрактот од лист на белата дудинка. Тој се базира на природни компоненти кои уште во нашите црева го спречуваат разложувањето, а потоа и влегувањето на шеќерите во крвотокот.
Листот од бела дудинка (morus alba) со векови се користел во исхраната и традиционалната медицина. Припаѓа на семејството Moraceae, во кое на пример се наоѓа и смоквата. Станува збор за нам добро позната билка, бидејќи вирее долги години ширум нашата земја. Тоа значи дека и одговара поумерена клима, па се среќава и во останатите региони со слична клима на нашата, како на пример Медитеранскиот регион.
Покрај листовите, медицинска примена неретко наоѓаат и плодот, како и другите делови од растението, како коренот.
Бројни истражувања ги поврзуваат листовите на белата дудинка (или нивниот екстракт) со лаксативно дејство, антибактериски ефект, имуномодулација, антивоспалителен ефект, заштитен ефект во однос на црниот дроб итн. Сепак, поновите студии велат дека најсилен ефект има во регулацијата на шеќерот во крвта.
Најважните компоненти во листовите на белата дудинка
Листовите на белата дудинка имаат сложен состав во кој се вклучени многу важни фитохемикалии.
Сепак, нивниот позитивен ефект е кога се концентрирани, односно во екстрактот.
Преглед на дел од најважните:
- Морин (Morin)
- Лолиолид (Loliolide) - доста висока концентрација
- Халкоморацин (Chalcomoracin)
- Морахалкон (Morachalcone)
- Лутеолин (Luteolin) и Апигенин (Apigenin)
- Фенофорбид A метил естер (Phenophorbide A methyl ester)
- Кафеична киселина (Caffeic acid)
- Имино шеќери, како 1-deoxynojirimicin - 0,62-1,61mg/g (млади листови) или 0,47-0,96mg/g (постари листови); D-fagomine - 25-103mg/kg
- Рутин (Rutin)
- Хлорогенична киселина (Chlorogenic acid)
- Волатили (Volatiles)
- Бројни флавоноиди, феноли итн.
Имајќи го предвид ваквиот состав, неминовен е заклучокот дека станува збор за уникатна хранлива вредност и билка со исклучителна антиоксидативна активност (особено екстрактот)!
Предности на Гликобаланс:
Механизам на дејство за намалување на шеќерот
Минимализирани несакани ефекти
Помош и за полесно слабеење

Зошто е важно секој од нас да има константно оптимално ниво на шеќер во крвта?
Менаџирањето или регулирањето на крвниот шеќер е особено важна работа за секој поединец, а посебно за лицата со предијабет и дијабет. Кај лицата со предијабет на пример, може да биде причина за превенција од преминување на состојбата во дијабет тип 2!
Балансираната флуктуација (промени) на глукозата во крвта (без нагли пикови и падови), помага да се чувствуваме подобро, поконцентрирано, подолго време да бидеме сити и да избегнуваме храна со празни калории.


Екстракт од лист од бела дудинка – извонреден ефект во однос на оптимизирањето на шеќерните нивоа во крвта!
Едно истражување на компанијата ,,Нестле”, која самата има продукт на база на екстракт од лист на бела дудинка, покажуваат навистина интересни, ветувачки резултати.
Имено, овој екстракт поттикнува цела ,,каскада” на ефекти што позитивно се одразува на целокупниот метаболен одговор.
Ова вклучува:
Поздрави нивоа на глукоза и инсулин во крвта, нивно подобро ниво по оброците, подобрено чувство на заситеност, поддршка на процесот слабеење, поздрава цревна микрофлора и подобар липиден профил (маснотии и холестерол во крвта).
Механизам на дејство за намалување на шеќерот
Екстрактот делува како еден вид ,,мамец” за дигестивните ензими наречени алфа глукозидази, спречувајќи го нивниот природен ефект во тенкото црево – дигестирање на присутните јаглехидрати. На овој начин голем дел од јаглехидратите минуваат низ дигестијата без да бидат ,,обработени” и внесени во крвотокот, што пак превенира потенцијални пикови на глукоза и инсулин во крвта.
Ваквиот ефект се покажал како особено силен и брз. Предусловот е суплементот да може да влезе заедно со храната во тенкото црево. Затоа е многу значајно суплементите на база на екстракт од лист на бела дудинка да се консумираат во точно опреден временски интервал – непосредно пред оборокот (15 минути).
Минимализирани несакани ефекти
За разлика од другите компоненти со сличен дигестивен ефект (блокирање на јаглехидратите), како на пример гравот, заостанатиот екстракт од бела дудинка може да се апсорбира во крвотокот и без никакви проблеми да се излачи низ урината, преку бубрезите. Неапсорбираните компоненти со блокирачки ефект на јаглехидратите можат да водат и кон помали или поголеми гастроинтестинални непријатности.


Помош и за полесно слабеење!
Листот од бела дудинка содржи бројни секундарни растителни метаболити со позитивни здравствени ефекти.
Такви метаболити на пример се иминосахаридите (веќе ги наведовме погоре) кои го емитираат ефектот на моносахаридите (шеќери), односно стапуваат во реакција со ензимите и рецепторите вклучени во јаглехидратната дигестија, лимитирајќи го нивниот ефект врз присутните долговерижни јаглехидрати. Знаеме дека без да бидат упростени, долговерижните јаглехидрати не можат да преминат во крвта.
Според клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ се намалил за дури 55%.
Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските ниова за 41%.
Пониските нивоа на инсулин помагаат телото полесно да ги ,,согорува” резервните маснотии и ги намалува нивоата на глукоза складирана како масно ткиво. На овој начин, екстрактот од лист на бела дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.
Дозирање:
2 пати на ден по една капсула, 15 минути ПРЕД доручек и ручек со 200ml вода.


ГЛИКОБАЛАНС - СОСТАВ:
1 капсула ГЛИКОБАЛАНС содржи:
- 600 mg сув екстракт од лист од бела дудинка (Moris alba),
- 1.4 мг Витамин Б6 и
- 40 mcg хром