Оптимакс
Оптимакс се користи за:
- Подобрување на расположението
- Одржување на емоционален баланс
- Чувство на релаксираност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се користи како третман на ТЕШКИ форми на депресија односно кога постои опасност од самоповредување или проблем со секојдневното функционирање заради депресијата.

Проценките се дека глобално околу 7% од луѓето имаат депресија или околу 264 милиони луѓе. Околу 1 од 4 лица имаат некаков тип на проблем со менталното здравје. Депресијата е различно застапена во зависност од возрасните групи. За нејзината појава има повеќе различни причини, но и повеќе различни начини преку кои може да се пристапи кон нејзиното третирање.
Природните суплементи се токму еден начин за полесно справување со симптомите на блага и умерена депресија. Во тој поглед, ви го претставуваме нашиот производ Оптимакс, кој е базиран на една од најпознатите билки за оваа конкретна употреба – кантарионот.
Тој се употребува веќе со децении во Европа, но и пошироко. Неговото дејство е испитувано преку повеќе студии, а резултатите се навистина охрабрувачки.
Најважното тврдење – го подобрува расположението
Кантарионот е билка која веќе повеќе децении се користи како природен начин за справување со благи симптоми на депресија. Тој не се препорачува кај лицата со силна и изразена депресија. Една мета-студија од 2016 година опфатила 35 различни студии и покажала дека кантарионот ги намалува и ублажува симптомите на блага и умерена депресија, споредено со употребата на плацебо. Дури резултатите покажуваат дека оваа билка може да има сличен ефект како и некои комерцијални анти-депресиви.
Друга мета-студија од 2017 година, опфатила 27 студии и покажала слични резултати – кантарионот има слични ефекти како и комерцијалните антидепресиви кај лицата со блага и умерена депресија.
Науката покажала дека билката може да го подобри расположението кај лицата кои ја користат. Треба да се напомене дека за да се воочи ефектот на Оптимакс, односно на кантарионот, потребно е и до неколку недели, а кај одредени лица и месеци.
Оптимакс се користи за:
Подобрување на расположението
Одржување на емоционален баланс
Чувство на релаксираност

Останати примени кои се во фаза на истражување:
Кантарионот исто така има потенцијал во лекувањето на следните состојби, од кои дел се поврзани со депресија:
Предменструален синдром (ПМС)
истражувањата покажуваат дека кантарионот може да помогне во ублажување на физичките и емоционалните симптоми на ПМС кај некои жени, вклучувајќи: грчеви, раздразливост, желба за храна и осетливост на градите. Една студија потврдила дури 50% намалување на сериозноста на симптомите.
Менопауза
постојат одредени истражувања кои покажуваат дека кантарионот, во комбинација со црниот кохош (Меноактив), помага да се подобри расположението и анксиозноста за време на менопаузата.


Сезонска депресија (сезонско афективно нарушување)
кога се користи самостојно, кантарионот го подобрува расположението кај луѓето со овој вид на депресија што се јавува во текот на зимските месеци поради недостаток на сончева светлина. Инаку, ваквиот вид на депресија обично се третира со светлосна терапија. Истражувањата покажуваат дека користењето на кантарион заедно со фототерапијата делува уште подобро.
Дозирање:
2-3 капсули на ден. Се зема со чаша вода, пред или по оброк.

Претпазливост:
Како што напоменавме, првите резултати се видливи по неколку недели употреба. По околу 6 неделна употреба, се препорачува кратка пауза (од околу 1 недела) пред повторно да се продолжи со употребата.
Да не се користи доколку имате редовна, значителна изложеност на сонце.
ОПТИМАКС капсулите може да делуваат на ефикасноста на други лекови и обратно.
Лекови чија примена е забранета за време на употреба на ОПТИМАКС каспулите:
- ciklospirin, takrolimus за времена употреба (лекови кои се користат по трансплантација на орган)
- Инхибитори на ХИВ протеази, на пример amprenavir, indinavir (лекови кои се користат во лечење на ХИВ инфекција)
- Цитостатици, на пример irinotekan (лекови кои се користат при лечење на малигни тумори)
- Varfarin (лек за разредување на крвта)
Лекови чија примена бара посебна внимателност во текот на употреба на ОПТИМАКС капсулите:
- Amitriptilin (лек за лечење на депресија)
- Feksofenadin (лек за третирање алергии)
- Benzodiazepini (лекови за ублажување напнатост и анксиозност)
- Metadon (лек кој се користи за лечење на зависност од опијати)
- Simvastatin (лек кој се користи за лечење на покачено ниво на холестерол и превенција на срцеви и кардиоваскуларни заболувања)
- Digoksin (лек кој се користи за третирање на неправилно срцебиење и срцев застој)
- Finasterid (лек за лечење на бенингно зголемување на простата)
- Sertralin, paroksetin, nefazodon (лекови кои се применуваат при лечење на депресија)
- Buspiron (лек за ублажување на напнатост и анксиозност)
- Triptani (лекови кои се користат за лечење на мигрена, главоболки)
При истовремена примена на овој суплемент и орални средства за контрацепција може да дојде до крварење и непосакувана бременост. Затоа жените кои зимаат орални средства за контрацепција мораат да применат и додатни мерки за контрацепција.
Пред оперативен зафат потребно е да се посоветувате со лекар во врска со примена на овој суплемент. Доколку е потребно, употребата на овој суплемент мора да се прекине.
Бременост и доење
Доколку сте бремени или доите, мислите дека е можно да сте бремени или планирате да имате дете, обратете се на својот лекар или фармацевт за совет, пред користење на овој суплемент.
Поради недоволно податоци, примената на ОПТИМАКС капсулите не се препорачува кај трудници и жени кои дојат.
Управување на возила и машини
Нема податоци за делувањето на овој суплемент и способноста за управување на возила и машини.
Затоа, препопрачливо е да почекате и видите како овој суплемент ќе делува врз Вас, а потоа да ги започнете наведените активности.
Корисни линкови и научни истражувања
Gaster B, Holroyd J. St. John's wort for depression. Arch Intern Med. 2000;160:152-156.