Fe - железо комплекс
Уникатна комбинација на минерали насочена кон: одржување на нивото на железо, одржување на имунитетот и оптимални нивоа на хемоглобин, подобрување на целосната функција и здравје на крвта.
Комбинација од минерали: железо, бакар и цинк во комбинација со витамини од Б групата (Б6, Б9 и Б12)
Уникатна комбинација на минерали насочена кон: одржување на нивото на железо, одржување на имунитетот и оптимални нивоа на хемоглобин, подобрување на целосната функција и здравје на крвта.
Потребна на:
- Луѓе кои имаат ниско ниво на железо
- Оние кои имаат некоја форма на анемија
- Трудници и доилки, бидејќи имаат природно зголемени потреби од железо
- Луѓе кои не внесуваат доволно железо преку исхраната
- Тинејџерки и жени со пообилна менструација
- Луѓе кои често даруваат крв итн.
Железото е неопходен минерал за човечкото тело и истиот има клучна улога во различни физиолошки функции. Секако, важно е да се разберат неговите ефекти и потребите поврзани со него. Дел од ефектите на железото се:
Создавање на крвни клетки
Производство на енергија
Когнитивни функции
Имунолошка функција
Функција на мускулите
Здравјето на косата, кожата и ноктите
- Создавање на крвни клетки: Железото е клучна компонента на хемоглобинот, протеинот во црвените крвни зрнца одговорен за транспорт на кислород низ телото. Дополнувањето со железо може да помогне во производството на црвени крвни зрнца, подобрувајќи го снабувањето со кислород до ткивата и органите.
- Производство на енергија: Железото е исто така неопходно за правилна функција на ензимите вклучени во енергетскиот метаболизам. Оптималното, здраво ниво на железо го поддржува производството на енергија, зголемувајќи ја енергичноста и виталноста. Впрочем, еден од најчестите симптоми на ниско железо е заморот и безенергичноста.
- Когнитивни функции: железото игра улога и во когнитивниот развој и функција. Ниските нивоа на железо се поврзуваат со когнитивни нарушувања, вклучувајќи слаба меморија, потешкотии со концентрацијата и намален распон на внимание. Суплементирањето со железо може да помогне во ублажување на овие симптоми, особено кај лица со анемија.
- Имунолошка функција: Железото е вклучено во функцијата на имуните клетки, главно лимфоцитите и макрофагите. Соодветното ниво на железо поддржува силен имунолошки одговор, помагајќи во одбраната на телото од инфекции и болести.
- Функција на мускулите: Железото е неопходно за оптимална мускулна функција, вклучително и мускулна контракција и искористување на кислородот за време на вежбањето. Суплементирање со железо може да ги подобри перформансите на вежбањето и закрепнувањето, особено кај лицата со недостаток на железо.
- Здравјето на косата, кожата и ноктите: Дефицитот на железо може да се манифестира преку кршливи нокти, губење на косата и бледа кожа. Впрочем бледата кожа и усни се еден од знаците преку кои може да се забележи анемијата. Суплементирањето со железо може да помогне во подобрување на здравјето и изгледот на косата, кожата и ноктите со поддршка на правилната клеточна функција.
Кој има потреба од суплементација со железо?
Потребите од железо се особено нагласени кај следните групи:
- Диететска инсуфициенција: Голем број луѓе, особено вегетаријанци, вегани и оние со рестриктивни диети, можно е да не внесуваат доволно храна богата со железо за да ги задоволат потребите на нивното тело. Дополнувањето на железо може да помогне да се премости јазот помеѓу внесот во исхраната и потребите.
- Зголемена потреба од железо: Одредени животни фази и состојби ја зголемуваат побарувачката на телото за железо, како што се бременостa, лактацијата, адолесценцијата и периодите на брз раст. Суплементирањето со железо може да биде неопходно за да се задоволат ваквите зголемени физиолошки потреби.
- Губење на крв: Хроничната загуба на крв, без разлика дали е поради гастроинтестинално крварење, тешки менструални периоди или други медицински состојби, може да доведе до анемија со дефицит на железо. При ваквите состојби може да се препише суплементација на железо со цел да се надокнади и да се одржи оптимално ниво на железо и хемоглобин во крвта.
- Лоша апсорпција: Состојбите кои ја нарушуваат апсорпцијата на хранливи материи од гастроинтестиналниот тракт, како што се целијакијата, воспалителни процеси во цревата и одредени хируршки зафати, може да резултираат со недостаток на железо.
- Хронични болести: Одредени хронични болести, како што се хроничното бубрежно заболување или срцева слабост, може да го попречат метаболизмот на железото и да доведат до целокупен дефицит на железо. Суплементирање со железо може да се препорача како дел од третманот за овие состојби, но и да се одржи оптимално ниво на железо во крвта.
- Превенција и третман на анемија од дефицит на железо: Анемијата или позната и како анемија од дефицит на железо е вообичаено нутритивно нарушување во светот и може да има значителни здравствени последици ако не се лекува. Додатокот на железо е примарен третман за ваквиот тип анемија, помагајќи да се обнови нивото на железо и да се ублажат симптомите како што се замор, слабост и отежнато дишење.
Кои се можните симптоми на недостаток од железо?
- Замор
- Слабост
- Бледа кожа
- Губење на здив
- Вртоглавица
- Ладни раце и нозе
- Кршливи нокти
- Главоболки
- Зголемен пулс или срцеви палпитации
- Синдром на немирни нозе
- Тешкотии со концентрација или когнитивно оштетување
- Раздразливост
- Губење на косата
- Тешкотии со регулирање на телесната температура
- Чести инфекции или ослабен имунолошки систем
- Задоцнет раст и развој кај децата
Препорачани количини за внес и природни извори на железо
Препорачаниот дневен внес за железо е околу 14mg. Секако, постојат отстапки од овие препораки, па така лица со зголемени потреби можат безбедно да внесуваат и 30mg дневно.
Како добри извори на железо се сметаат: црвеното месо, пилешкото, морската храна и рибата, мешунките, спанаќот и останати зелени лиснати зеленчуци, житарките (особено киноата), семки и јатки и сл.
ЦИНК
Без цинк, нема имунитет!
Цинкот е вториот најзастапен ,,минерал во трагови” во човековиот оранизам, веднаш по железото.
Негово присуство е утврдено во над 100 различни ензими во телото.
Тој е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните итн.
Но, сепак, можеби најпознатото позитивно влијание на цинкот во организмот е негото моќно дејство во сузбивањето на настинките и другите инфекции кои се развиваат, типично, во студените месеци од годината. Цинкот се ,,бори” со штетните соединенија кои постојано се формираат во организмот како резлутат на различни реакции – слободните радикали.
Ваквото антиоксидативно дејство на цинкот има позитивно влијание за целокупното здравје на човекот, па така и за имунитетот. Нешто што е дополнително позитивно.
● Цинкот и имунитетот - Имуниот систем, како главен одбранбен механизам на организмот од најразличните инфекции и други закани е од огромна важност за целокупното здравје. Недостатокот на цинк во организмот, може да доведе до супресирана функција на имуниот одговор. Дури и малиот недостаток, може да има влијание на макрофагите и неутрофилите, природните имуни клетки-убијци. Исто така, на организмот му е потребен цинкот за да создаде Т-лимфоцити. Така, некои студии правени во земјите во развој, укажуваат дека некои тешки пневомии и други инфекции кај пациентите се предизвикани токму од супресираниот имунитет како резултат на дефицитот од цинк.
● Функција во заздравување на раните - Цинкот помага во одржувањето на еластичноста на кожата и мукозната мембрана, што е особено важно при повреди. Тој исто така помага во продукцијата на здрава коса, нокти и здрави кожни клетки.
● Дијареа - Акутната дијареа е помеѓу болестите со најголема смртност кај децата во земјите во развој. Недостатокот од цинк во исхраната може да е помеѓу главните причини за појавата на оваа болест. Цинкот игра значајна улога во имуниот одовор кој е намален кај овие деца, па тие се попдложни на инфекции како онаа која е предизвикувач на дијареата.
● Болести на очите - Истражувачите даваат податоци дека цинкот во комбинација со некои антиоксиданти може да ја намали прогресијата во губењето на видот кај старите лица. Ова дејство се одвива преку превенирањето од оштетувањето на клетките на ретината во окото.
● Грип и различни типови на настинки - Секако, имајќи го во предвид дејството на цинкот на правилното функционирање на имуниот систем и неговиот капацитетот во целина, тој индиректно ќе влијае и на веројатноста од развојот и компликациите од грипот и различните настинки.
Така, нормалните нивоа на цинк во организмот се многу значајни. Имено, една стдија утврдува значително, директно влијание на цинкот во намалување на ризикот од компликации или целосно спречување на инфекциите предизвикани од вируси со различен степен на опасност. Истражувачите утврдиле дека цинкот може да ја намали опасноста од тешки последици од инфекциите и да го намали траењето на самите симпотми. Механизмот на ова дејство е сè уште на ниво на хипотеза. Хипотезата е дека ваквото позитивно дејство на цинкот се должи на неговото директно дејство на инхибирање или спречување на риновирустот да се врзе и реплицира во носното ткиво.
Постојат повеќе студии кои го утврдуваат позитивниот ефект на цинкот при грип и настинки
– Правено е истражување на 50 испитаници со симптоми на грип. На секои 5 часа, половината од нив земале таблета цинк ацетат, додека другите плацебо таблета. Оние кои земале цинк ацетатни таблети имале значително намален период на симптоми (кашлица, главоболка, течење на носот и болки во телото и мускулите).
– Друга пак, клиничка студија, за испитаници имала 273 доброволци кои биле заразени со грип. На ист начин, половината примале терапија во вид на цинк глуконат, а другата половина плацебо таблета. Резултатот бил ист: намален период на симптоми.
БАКАР
Бакарот се наоѓа во сите наши ткива и првенствено има улога во правењето на нови црвени крвна зрнца, во одржувањето на здрави нервни клетки, но и во функционирањето на имуниот систем. Тој исто така е вклучен во формирањето на колагенот во телото, како и апсорбцијата на железото.
За адолесценти и возрасни, препорачаниот дневен внес е околу 900 микрограми. За трудници и доилки, препораките се 1 – 1,3 милиграми (1000-1300 микрограми).
Дефицитот на бакар е редок кај луѓето, но доколку се појави може да резултира со здравствени проблеми, особено зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.
Дел од симптомите кои може да посочуваат кон дефицит на овој минерал се:
- Анемичност
- Ниска телесна температура
- Низок број на леукоцити
- Аритмија (неритмично срцебиење)
- Проблеми со тироидната жлезда
Кои се функциите на бакарот во нашиот организам?
1. Кардиоваскуларното здравје
Некои студии покажале дека ниски нивоа на бакар доведуваат до покачен холестерол и крвен притисок. Одредени истражувања покажале дека внес на бакарот како суплемент, покажал позитивно влијание врз овие заболувања.
2. Нормална функција на имуниот систем
Дефицитот на бакар може да доведе до леукоцитопенија, односно намален број на леукоцити во крвта. Ова значи дека луѓето со ваков дефицит се посклони на разни инфекции и нивниот имун систем е ослабнат.
3. Создавање на колаген
Се смета дека бакарот има важна улога во одржувањето на нивоата колаген и еластин, кои се главни структурни компоненти – протеини во нашето тело. Има одредени истражувања што сугерираат дека бакарот има антиоксидативни својсва и неговиот внес во телото може да доведе до успорено стареење на нашата кожа.
Покрај овие функции, бакарот има:
- Антивоспалителен ефект
- Антиоксидативни својства
- Улога врз одржувањето на здрави коски
- Улога во одржувањето на здравјето на мозокот
Намирници кои се одличен извор на бакар
● Шитаке печурки – исклучително богати со овој минерал, но и со останатите минерали како: селен, манган и цинк. Исто така тие ги содржат и витамините В1, В5 и В6.
● Јаткасти плодови и семиња – се смета дека 28g бадеми задоволуваат 33% од препорачаниот дневен внес за бакар, додека истото количество на индиски ореви – дури 67%. Сусамот исто така се смета за добар извор на бакар и само 9g на ова семе задоволува 44% од дневниот внес за бакар.
● Зелени лиснати зеленчуци – особено спанаќот, го содржи бакарот во значителни количества.
● Темното чоколадо – особено она кое содржи повеќе какао маса, се смета како одличен извор на антиоксиданти, влакна и минерали. Само 50g на темно чоколадо се доволни за задоволување на дневните потреби од бакар, а покрај тоа внесуваме и 5g растителни влакна и значителни количества на манган и железо.
● Овес – оваа популарна житарка, често практикувана како состојка на појадоци или вечери, е исто така добар извор на бакар.
Б витамини
Витамин Б6
Познат и како пиридоксин, е водорастворлив витамин кој игра клучна улога во различни телесни функции. Неопходен е за метаболизмот, помагајќи во употребата и разградбата на протеините, јаглехидратите и мастите за производство на енергија. Вклучен е во синтезата на невротрансмитери како што се серотонин и допамин, кои го регулираат расположението, спиењето и когнитивната функција. Исто така, го поддржува имунолошкиот систем со тоа што придонесува за производство на антитела и помага во одржување на здрава нервна функција.
Добри извори на витамин Б6 се: живина, риба, јаткасти плодови, семиња, банани, компири и житарки.
Недостатокот на витамин Б6 може да доведе до симптоми како што се замор, слабост, раздразливост и невролошки проблеми. Сепак, прекумерното внесување на витамин Б6 преку суплементи може да предизвика оштетување на нервите, па затоа е важно да се одржува избалансиран внес во рамките на препорачаните нивоа.
Витамин Б9
Витаминот Б9, познат и како фолна киселина, е водорастворлив витамин кој е од суштинско значење за бројни телесни функции, особено за време на периоди на брз раст и делба на клетките, како што се бременоста и периодот на доење. Тој игра витална улога во синтезата, поправката и метилацијата на ДНК, што го прави клучен за производство и одржување на нови клетки. Соодветниот внес на фолат е особено важен за време на бременоста, со цел спречување на дефекти на фетусот при неговиот развој. Дополнително, фолатите се вклучени во метаболизмот на одредени амино киселини и во формирањето на црвените крвни зрнца.
Добри диететски извори на фолати се: лиснат зелен зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, месо, свежо овошје и др.. Недостатокот на фолати може да доведе до анемија, слабост, замор и потенцијални дефекти кај новороденчињата. Бремените жени и доилките, лицата со нарушена апсорпција и оние кои следат рестриктивни диети може да користат суплементација за да ги задоволат нивните потреби за овој витамин.
Витаминот Б12
Или кобаламин е многу важен, односно есенцијален, водорастворлив витамин од групата Б-витамини.
Витаминот Б12 хемиски гледано е најголемиот и најкомплексно градениот витамин. Игра низа мнгоу значајни улоги во организмот:
- за правилното функционирање на нервниот систем и мозокот
- во продукцијата на црвените крвни клетки (еритроцити)
- за синтезата и регулацијата на ДНК молекулата
- во метаболизмот на синтеза на одредени важни масни киселини
- во процесот на созадавање енергија
- во помагањето, односно олеснувањето на апсропцијата на фолната киселина (витамин Б9)
- за здравјето на коските и кожата – превенција од остеопороза
- за намалување на ризикот од макуларна деградација
Недостатокот од овој витамин не е реткост, особено кај категориите луѓе кои претходно ги споменавме. Според статистиките од САД (земјата со најдобри статистики во повеќето области), помеѓу 1,5 и 15% од популацијата има одреден степен на недостаток од витамин Б12.
Препорачаните дневни количества од овој витамин за возрасните лица се 2,4mcg и нешто повеќе од ова за доилките и бремените жени, односно 2,8mcg и 2,6mcg, соодветно.
Тешко може да се ,,предозирате” со витамин Б12, бидејќи телото има механизам лесно да го излачи, сепак оние кои имаат намера да користат било каков тип суплементација на овој витамин, треба да се консултираат со својот лекар (можни се интеракции на овој витамин со евентуални други медикаменти кои луѓето ги користат).
Храна која е извор на витамин Б12:
- риба – особено туна
- пилешко месо
- јајца
- нутритивен квасец
- млечни производи – јогурт, сирење
- други типови на месо
- одредени фортифицирани (збогатени) производи, како на пример млеко од соја
Дозирање:
1 таблета на ден (во едно шишенце има дози за 1 месец)
ЖЕЛЕЗО КОМПЛЕКС - СОСТАВ:
Една таблета ЖЕЛЕЗО КОМПЛЕКС СОДРЖИ:
- Железо 27mg - во форма - железо (II) бисглицинат - 193 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)
- Цинк - 10mg - во форма - цинк оксид - 100 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)
- Бакар - 1,2mg - во форма - бакар (II) сулфат 5H2O - 120 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)
- Витамин Б6 - 5mg - во форма пиридоксин хидрохлорид - 357 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)
- Витамин Б9 - 250μg - во форма L-5-метилтетрахидрофолат - 125 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)
- Витамин Б12 - 25μg - во форма цианокобаламин - 1000 % од препорачаниот дневен внес (ПДВ)