Мено-Aктив
Меноактив претставува природен екстракт од билката Cimicifuga и се користи за ублажување на непријатните симптоми како што се: топли бранови, надразливост, несоница, болки во телото, замор и сл.
Црниот кохош (Black cohosh) или познат и по латинското име Cimicifuga racemosa е билка која се користи илјадници години, а за прв пат ја употребувале домородните Американци. Денес, билката наоѓа употреба главно како додаток на исхраната кој помага да се ублажат и минимизираат непријатните симптоми за време на менопаузата. Овој период може да биде особено непријатен и тежок за секоја жена, но за среќа природата нуди решенија кои можат да помогнат.
Меноактив претставува природен екстракт од билката Cimicifuga и се користи за ублажување на непријатните симптоми како што се: топли бранови, надразливост, несоница, болки во телото, замор и сл.
Најважното тврдење – помага кај топлите бранови за време на менопауза
Билката цимицифуга е особено позната по нејзиното смирувачко и корисно дејство во поглед на симптомите на менопауза. Научните студии покажуваат дека одредени компоненти од билката се врзуваат со опиоидните рецептори во телото, со што се добива еден вид на аналгетски ефект. При менопауза, перименопауза и постменопаузниот период, билката се смета дека ги намалува, односно ублажува непријатните симптоми. Поконкретно, оваа билка е проучувана во поглед на непријатните топли бранови каде покажала одлични резултати. Се смета дека таа може да го зголеми и подобри нивото на естроген во телото и на тој начин да помогне при менопаузниот период.
Имено, топлите бранови се воглавно резултат на промена на нивоата на одредени хормони (главно естрогенот) и претставуваат најчест симптом на менопауза. Дури 80% од жените пријавиле дека имаат топли бранови. Ваквата состојба е проследена со повеќе помали симптоми: анксиозност, чувство на топлина, забрзан пулс, абнормално потење и сл. Една студија од 2010 година, покажала дека оваа билка ги намалила ноќните потења и топлите бранови кај испитаничките за дури 26%.
Цимицифугата главно се користи за ублажување на симптомите на менопауза. Една студија која вклучила 80 жени во менопауза кои имале симптоми како топли бранови, надразливост и сл. – покажала дека суплементирањето со 20mg цимицифуга во период од 8 недели довело до значително ублажување на симптомите, во споредба со плацебо групата.
Овој природен екстракт исто така помага и за останатите симптоми на менопауза:
- Надразливост
- Замор
- Намалено расположение
- Болки во телото
- Несоница
Меноактив се користи за ублажување на непријатните симптоми како што се:
Топли бранови
Надразливост
Замор
Намалено расположение
Болки во телото
Несоница
Потенцијални употреби кои се’ уште се истражуваат:
Симптоми на менопауза
Студиите потврдуваат дека оваа билка е ефикасна за ублажување на симптомите на менопауза. Одредени Германски студии откриле дека црниот кохош ги подобрува физичките и психолошките симптоми на менопаузата, вклучувајќи ги: анксиозноста, топлите бранови, ноќното потење и сл.
Во студија која вклучила 120 жени со симптоми на менопауза, црниот кохош бил поефикасен во ублажување на топли бранови и ноќно потење отколку антидепресивот флуоксетин.
Земајќи во предвид резултати од повеќе клинички студии, многу експерти потврдуваат дека црниот кохош може да биде безбедна и ефикасна алтернатива за жените кои не можат или не сакаат да земаат хормонска терапија за менопауза. Истражување од 2010 година покажа дека употребата на црниот кохош довело до намалување на топлите бранови и ноќното потење за 26%. Понови истражувања и студии го поврзуваат црниот кохош со позитивно влијание врз спиењето кај жените во менопауза.
Пред-менструален синдром
Резултати од одредени студии покажуваат дека црниот кохош може да помогне во олеснување на предменструалниот синдром (ПМС) и менструалната болка.
Артритис
Прелиминарните студии покажале дека црниот кохош може да помогне во намалување на воспалението поврзано со остеоартритис и ревматоиден артритис. Во преглед на научни студии, истражувачите заклучиле дека комбинацијата од црн кохош, кора од врба (Salix spp.), сарсапарила (Smilax spp.), смола гуајакум (Guaiacum officinale) и кора од топола (Populus tremuloides) може да помогне во ублажувањето на симптомите на остеоартритис. Сепак, во моментов нема доволно испитувања кои би ја поддржале употребата на црниот кохош конкретно за артритис.
Остеопороза
Одредени лабораториските студии покажале дека естрогените од растително потекло (наречени фитоестрогени) во црниот кохош може да го инхибираат губењето на коскената маса, што е забележливо кај остеопорозата. Потребни се повеќе истражувања за оваа област.
Дозирање:
Една капсула на ден (40mg билен екстракт) со чаша вода. Пакувањето содржи 60 капсули, доволни за 2 месеци употреба. Се препорачува употреба во период од 6 до 12 месеци.
Природниот екстракт Меноактив може да се зема во перименопаузниот, менопаузниот и постменопаузниот период.
МЕНОАКТИВ - СОСТАВ:
1 капсула МЕНО-АКТИВ содржи:
- 40 mg сув екстракт од црн кохош (Cimicifuga racemosa) и
- 1 mg тритерпенски гликозиди
Мерки на претпазливост
Употребата на билки е долгогодишен пристап за зајакнување на телото и лекување на болести. Сепак, билките содржат активни супстанции кои можат да предизвикаат несакани ефекти и да комуницираат со други билки, додатоци на исхрана или лекови. Поради овие причини, треба да земате билки само под надзор на вашиот лекар или фармацевт.
Не треба да користите црн кохош ако имате состојба чувствителна на хормони, како што се рак на дојка, ендометриоза, рак на јајниците, рак на матката и сл.
Жените со историја на рак на дојка и оние со висок ризик за развој на рак на дојка (на пример, силна генетска предиспозиција - мајка или сестра со рак на дојка), не треба да земаат црн кохош без да разговараат со лекар.
Не треба да користите црн кохош ако имате оштетување на црниот дроб или ако пиете алкохол во прекумерни количини. Бремените и доилките не треба да користат црн кохош.