Гинко+женшен
Во многу погледи, азискиот женшен и гинкото имаат сличен ефект, па така и двете билки се сметаат како особено корисни за подобрување на:
- Циркулацијата
- Когнитивното здравје
- Хроничниот замор
- Меморијата и концентрацијата
Преку подобрување на периферната циркулација, го одржуваат здравјето на видот и слухот

Кога размислуваме за здравјето, често помислуваме на физичкото здравје и можните заболувања кои можат истото да го загрозат. Но, за жал, ретко помислуваме на менталното здравје, а уште помалку на т.н когнитивно здравје. Често наречени и како когнитивни функции, овој термин подразбира еден сегмент од здравото функционирање на мозокот. Тука спаѓаат одредени базични функции како: говор, концентрација, меморија, социјална интеракција, јасен тек на мислите, процесирање на нови информации и учење на вештини, извршување на комплексни задачи и сл.
Ова би значело дека когнитивното здравје се смета за подеднакво важно како и општото, физичко здравје. Токму затоа, ви го претставуваме нашиот природен препарат – Гинко + Женшен. Комбинацијата од две исклучително проучени, познати и потентни билки допринесува за одржување и подобрување на когнитивните функции, како и за подобрување на периферната циркулација. Одличен е за постарите лица, како и за лицата кои имаат стресна, ментално-исцрпувачка и напорна работа.
Гинко билобата се смета за една од најстарите живи билки и истата се користи веќе илјадници години. Се смета дека ова древно растение е старо милиони години. Потекнува од Кина, а важи за екстремно отпорно растение кое повторно пристигнува во Европа во 18-тиот век. Со векови се користи во традиционалната медицина како природен лек за повеќе различни состојби.
Женшенот пак, претставува една од најпознатите медицински билки ширум светот. Терминот ,,женшен” всушност реферира на неколку видови растенија од семејството Панакс. Станува збор за билки што растат во пределите на Америка и Азија и имаат ароматични, туберозни корени.
Повеќе од 2 милениуми нивниот корен бил силно ценет од традиционалната источна медицина, пред се’ како како третман за стрес и за поголема енергичност.
Најважното тврдење – подобра циркулација
Комбинацијата женшен + гинко претставува идеален микс за подобрување на циркулацијата, а со тоа индиректно помага и за подобрување на бројни други состојби, кои ќе ги споменеме во продолжение.
Позитивните дејства на гинкото се смета дека се должат на неговиот богат и потентен анти-оксидативен и анти-инфламаторен состав. Оваа билка исто така ја подобрува циркулацијата и е корисна за функцијата на одредени невротрансмитери. Една студија покажала дека суплементацијата со екстракт од Гинко довела до подобрување на циркулацијата во мозокот. Друга мета-студија која опфатила 14 различни истражувања, покажала дека употребата на гинко (во различни формулации) може да ја подобри циркулацијата – со што всушност допринесува за подобро когнитивно здравје.
Женшенот е уште една билка која се користи одамна за својот познат ефект во подобрување на циркулацијата. Активните компоненти, познати како женшеноиди, преку бројни студии е докажано дека ја подобруваат периферната циркулација.

Во многу погледи, азискиот женшен и гинкото имаат сличен ефект, па така и двете билки се сметаат како особено корисни за подобрување на:
Циркулацијата
Когнитивното здравје
Хроничниот замор

Меморијата и концентрацијата
Преку подобрување на периферната циркулација, го одржуваат здравјето на видот и слухот
Добар за мозокот
Миксот гинко+женшен има докажано позитивно дејство врз функцијата и здравјето на мозокот. Голем број на помали студии ја покажале поврзаноста помеѓу суплементацијата со гинко и подобрен умствен перформанс. Истото важи и за женшенот, една студија која вклучила над 6000 испитаници, покажала дека долгорочната употреба на женшенот се одразила позитивно во поглед на когнитивното здравје подоцна во животот. Испитувањата покажале дека особено женшеноидите (соединенија типични за женшенот) го штитат мозокот од оксидативен стрес, предизвикан од штетните слободни радикали.


Корисни за видот и слухот, особено кај повозрасните
постојат одредени испитувања кои ја поврзуваат подобрената периферна циркулација со поздрав вид и слух. Гинкото не може да го подобри веќе оштетениот вид и слух, но може превентивно да делува и да помогне да се одржи неговото здравје.
Ја подобрува меморијата
Подобрувајќи ја циркулацијата и одржувајќи го здравјето на мозокот, миксот од билки Гинко+Женшен ја подобрува меморијата, особено кај повозрасната популација.


Интермитентна клаудикација
Бидејќи гинко и женшен се билки кои ја подобруваат циркулацијата, тие биле проучувани и за лица со интермитентна клаудикација или состојба која се карактеризира со болка предизвикана од намален проток на крв во нозете. Луѓето со интермитентна клаудикација тешко се движат и чувствуваат силна болка во нозете. Анализа на 8 студии покажала дека луѓето кои користат гинко оделе околу 34 метри подалеку од оние кои земаат плацебо. Всушност, се утврдило дека гинкото делува подеднакво добро како и лек на рецепт за подобрување на состојбата. Сепак, гинкото не треба да се смета за примарна терапија на оваа состојба.
Умствен перформанс
Луѓето кои земаат женшен често велат дека се чувствуваат побудни и пофокусирани. Неколку студии покажале дека азискиот женшен може умерено да го подобри фокусот и учењето. Раните истражувања покажуваат дека азискиот женшен може да ги подобри перформансите и на некои умствени задачи, како и на меморијата и концентрацијата. Некои студии, исто така, открија позитивен ефект со комбинацијата на азиски женшен и гинко билоба. Повеќето од студиите покажале дека женшенот навистина ги подобрува умствените перформанси. Но, тие проучувале различни видови на умствени функции, па затоа е отежнато да се препознае врз кои најмногу би влијаел женшенот.


Корисни против настинка и грип
Азискиот женшен го зајакнува имунолошкиот систем, што може да му помогне на телото да се бори против инфекции. Исто така, тој докажано помага против појава на настинка или грип. Студиите покажале дека женшенот го зголемува бројот на имуни клетки во крвта и го подобрува одговорот на имунолошкиот систем кон инфекции. Во една студија, 227 луѓе добиле женшен или плацебо во текот на 12 недели, а вакцина против грип добиле по 4 недели. Бројот на настинки и грип бил за две третини помал во групата која земала женшен. Се смета дека самата билка го подобрува одговорот на телото кон вакцината и кон бројот на создадени анти-тела.
Две други студии покажале дека женшенот го намалува ризикот за настинка. Во една плацебо-контролирана студија со 323 испитаници, употребата на 400 mg женшен дневно во текот на 4 месеци го намалила бројот на настинки. Кога испитаниците кои користеле женшен добиле настинка, таа била со послаби симптоми и траела пократко.
Дозирање:
Една каспула на ден со чаша вода.
Пакувањето содржи 60 капсули, доволни за 2 месеци употреба.
Напомена: Се препорачува употреба во период од 6 до 12 месеци. Да не се зема заедно со комерцијални анти-депресиви. Да не се зема заедно со ибупрофен и аспирин.
