Ашваганда
Постојано брзање, притисок, грижи, намалена енергија, концентрација, намалена сексуална желба и задоволство, постојан замор и напнатост, нарушен сон…….
Сосема е јасно дека речиси секој од нас ќе се пронајде барем во дел од овие т.н. “Проблеми на модерното време”. Свесно или несвесно, апсолутно секој од нас се обидува да “балансира” во своето секојдневие со цел да остане “фит” за справување со сите предизвици.
Самата суштина на пристапот на Д-р Митов подразбира третирање на коренот на проблемите, па од неговото искуство, корекциите во животните навики се од огромно значење во оваа цел. Но, штета би било да не се искористи и потенцијалот на природата да ни помогне. Накратко кажано, потенцијалот на растителните екстракти, уште поконкретно нивните компоненти - адаптогени.
Ашвагандата дефинитивно се вбројува помеѓу најважните билки со адаптоген ефект. Станува збор за билка од семејството Solanaceae, инаку нам добро познато - во него спаѓаат и доматите, компирите, здравецот, модриот патлиџан, тутунот и слично.
Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи неговиот корен.
За енергичност и издржливост
Накратко кажано, кога велиме адаптоген ефект се мисли на потенцијалот на растителни екстракти или поточно на нивни конституенти да ја зголемат способноста на организмот да толерира, да се адаптира (прилагоди), преживее и функционира, под влијание на било каков стрес-фактор. Повеќе околу конкретниот биолошки механизам подолу.
Дополнително, станува збор за еден од најпотентните афродизијаци во природата. На природен начин ја стимулира машката сексуалност, го зголемува тестостеронот, а одредени истражувања покажуваат дека може да придонесе и за плодноста. Повеќе прочитајте подолу.
Покрај ова, ашвагандата е богата и со низа други компоненти што можат да му помогнат на организмот од најразлични аспекти - поседува силен антивоспалителен, антиоксидативен ефект.
Докажани и потенцијални ефекти од употребата на Aшвагандата:
Намалување на стресот, анксиозноста
Справување со хроничниот замор
Зголемено ниво на тестостерон кај мажите и стимулација на машката сексуалност
Поддршка на женското репродуктивно здравје
Поддршка на квалитетниот сон
Подобар имун одговор
Поддршка на тироидната функција
Зголемена енергичност и мускулна маса
Намалување на стресот, анксиозноста и заморот
Чувство на целосна возбуденост, необјаснив или страв без повод, голем стрес и загриженост… Сето ова го дефинира се’ почесто користениот термин – анксиозност.
Искусувањето анксиозност претставува нормален дел од човековото живеење. Сепак, ако се работи за често, интензивно, ексцесивно и константно чувство на страв во однос на секојдневни ситуации, тогаш станува збор за некаков тип на анксиозно нарушување или растројство. За најдобро пручен познат ефект на ашвагандата се смета токму оној за подобро справување со стресот и анксиозноста.
Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.
Ботаничките адаптогени, го немаат класичниот стимулативен ефект, карактеристичен за кофеинот, никотинот, амфетаминот и кокаинот. Стимулацијата од страна на адаптогените е со сосем различен механизам, во прв ред метаболичко регулирање на различните елементи на стрес-системот, како и модулирање на врската стимулус-одговор.
Адаптивниот одговор на стресот подразбира активирање на интра- и екстрацелуларни патишта за пренос на сигналите, како и зголемена експресија на анти-апоптоза протеини, неуропептиди и финално антиоксидативни ензими. Согласно ова, ботаничките адаптогени се опишуваат во литературата и како ,,умерени стрес-вакцини”, индуцирајќи стрес-протективни одговори.
Адаптогените супстанции, имаат капацитет да ги нормализираат телесните функции и да ги зајакнат системите, загрозени од стрес. Тие имаат докажан позитивен ефект на здравјето, севкупно, особено при состојби на емоционален стрес, како и состојби од опкружувањето што резултираат со стресоген ефект. Адаптогените се безопасни агенси, кои неспецифично ја зголемуваат одбраната (резистентноста) на самиот организам, наспроти физички, хемиски, биолошки и психолошки нокси (надворешни стресогени фактори), давајќи ефект на нормализирање, независен од природата на патолошката состојба.
Единечната, акутна администрација на ботанички адаптоген, несомнено дека ќе даде стимулативен ефект, но редовната, хронична примена на овие билки, ќе резултира со адаптивни промени во одговорите кон повторливи стрес-состојби, односно пројавување на појачани (бустер) ефекти, налик вакцините (во однос на справување со стрес-состојбата). На молекуларно ниво, ова подразбира регулирање на оската хипоталамус-хипофиза-надбубрежни жлезди, како и нивото на азот оксид.
Справување со хроничниот замор
Адаптогените имаат и ефективна примена кај хроничниот замор. Ашвагандата се користи за третман на астенија (ментален или физички замор).
Астенија (или астеничен синдром) е здравствена состојба, која се карактеризира со општа физичка и психичка слабост, намалена работоспособност, ниска концентрација, слаба меморија, иритабилност (низок праг на толеранција на стрес-факторите), главоболки, несоница, можна анорексија, а се јавува најчесто после периоди на интензивно работење, кои бараат голема ментална активност.
Зголемено ниво на тестостерон кај мажите и стимулација на машката сексуалност
Ентузијастите за хербални лекови со години тврдат дека екстрактот од ашвагандата има извонреден потенцијал како афродизијак, односно подигнувач на машкото либидо.
Во последно време ваквите тврдења добиваат и научна основа. Имено, активните компоненти на ашвагандата, како витанолиди и сапонини, се поврзуваат со повеќе бенефити, помеѓу кои и подигнување на нивото на тестостерон. Така, екстрактот од ашваганда се препорачува за оние што сакаат да ги зголемат своите нивоа на тестостерон, односно да го подобрат својот физички перформанс и/или да го интензивираат сексуалната ,.моќ”.
Анти-стрес ефектот на ашвагандата може да помогне за нивото на тестостеронот. Намалувајќи го стресот и анксизноста, односно намалувајќи го нивото на кортизолот, придонесуваме за оптимизирање на нивото на тестостерон. Дополнително, потентниот анкиолитички ефект на ашвагандата, исто така допринесува за нивоата на тестостерон во организмот.
Ашвагандата индикретно делува за оптимизирање на тестостеронот, но екстрактот може да делува и директно. Споменатите активни компоненти наречени сапонини, истражувањата ги потврдуваат како природни зголемувачи на нивото на тестостерон.
Едно истражување од 2013 година покажува интересни резултати. Суплементирањето со ашваганда (675mg, 3 пати дневно) се поврзува со дури 167% зголемување во бројот на сперматозоидите, 53% зголемување во нивниот волумен и со 17% зголемување на нивото на тестостерон. Дополнително, утврдено било и зголемување во мобилноста или подвижноста на половите клетки за цели 57%. Така, истражувачите заклучуваат дека ашвагандата поседува потенцијална терапевтска вредност во однос на инфертилноста.
Поддршка на женското репродуктивно здравје
Ашвагандата може да делува на превенцијата од ендометриоза, миоми, фибромиоми, но и во нормализирањето на женските хормони. Исто така, најдено било дека ги олеснува симптомите на менопауза и го стимулира работењето на женскиот репродуктивен систем.
Една студија од 2018 година укажува дека жените кои секојдневно, во текот на еден месец ја употребувале билката, забележале значително подобрување во сексуалната функција, но и полесно доживувале оразам. Ваквите резултати и не биле така изненадувачки за истражувачите, бидејќи некои други студии кои претходно биле спроведени, покажале позитивни ефекти на ашвагандата во однос на намалувањето на општиот физички, хроничен стрес, но и позитивен ефект во однос на црикулацијата и на подобреното либидо.
Многу значајно да се каже е дека не се забележани значителни несакани дејства на ашваганда суплементите. Така, тие можат слободно да се земаат заедно со различни контрацептиви, што е значајно за жените, бидејќи контрацептивите можат сериозно да делуваат на намалувањето на сексуалното задоволство.
Како ашвагандата ја подобрува сексуалната функција?
Постојат неколку механизми според кои може да се објасни корисното дејство за сексуалноста на оваа билка. На пример, ашвагандата во бројните испитувања покажала:
- Заштитна улога на телото и мозокот од хроничниот стрес, односно делувала на намалување на хормонот кортизол- хормон на стресот.
- Подобрувачко дејство при анксиозност и депресија.
- Оптимизирачко дејство на нивоата на тестостерон.
- Подобување во циркулацијата.
- Подобрени инфламаторни маркери.
- Подобрување во енергетско ниво.
Поддршка на квалитетниот сон
Некои истражувања ја поврзуваат употребата на Ашвагандата и со подобрување на “хигиената на сонот”. Имено, според истражувачите ашвагандата помогнала луѓето побрзо да заспијат, да спијат подолго и да имаат целокупен подобар квалитет на спиење.
Една студија покажала дека испитаниците кои користеле екстракт од ашваганда, по 6 недели пријавиле и до 70% подобар квалитет на спиење. Ваквиот ефект на ашвагандата може да се препише на неколку различни соединенија кои таа ги содржи. Имено, едно од нив е триетилен гликолот, соединение кое е природно присутно во ашвагандата и кое научниците сметаат дека е делумно заслужно за ваквиот „приспивачки“ ефект. Други истражувања покажуваат дека ашвагандата делува врз т.н GABA рецептори, кои се клучни при заспивањето. Дел од истражувачите сметаат дека постојат и останати, непроучени соединенија кон кои се должи ваквиот позитивен ефект на оваа билка. Во некои студии, ашвагандата се покажала и корисна кај лицата со несоница.
Друга теорија преку која се објаснува ваквиот ефект на ашвагандата, е тоа што таа првенствено има силен и докажан анти-стресен ефект. Ова главно се должи на присутните соединенија наречени витанолиди, кои се карактеристични за ашвагандата. Се смета дека преку ублажување и намалување на стресот, ашвагандата индиректно помага побрзо да заспиеме и да имаме подобар квалитет на спиењето.
Подобар имун одговор
Податоците неодамна публикувани во Journal of Clinical Medicine укажуваат дека суплементацијата, дури и со пониски дози на стандардизиран екстрат од ашваганда (60mg), може да го модулира вродениот и стекнатиот имунитет кај здравите лица и значително да го подобри нивниот ,,имун профил”.
Истражувачите од Универзитетот Оклахома, во својата рандомизирана, клиничка студија заклучуваат дека ваквите информации покажуваат дека ашвагандата со својот имуностимулирачки ефект може да вброи помеѓу хербалните екстракти кои допринесуваат за посилен имунитет.
Станува збор за клиничко истражување кое меѓу првите се занимава со поврзаноста помеѓу ашвагандата и имуниот одговор кај човекот.
Истражувањето вклучувало 24 здрави мажи и жени на возраст помеѓу 45 и 72 години кои по случаен избор добиле или 60mg ашваганда екстракт или плацебо (во период од 1 месец).
Резултатите покажале дека оние што користеле екстракт од ашваганда го подобриле својот вроден имунитет (како индикатори биле земени мерењата на цитокините, Т-клетките, Б-клетките и NK клетките), а подобрен бил и стекнатиот имунитет (како индикатори мерени биле имуноглобулините, вклучително IgA, IgG и IgM.
Oва се првите релевантни податоци според кои екстрактот од ашваганда (глукозидите, односно витанолоидите) поседува силен потенцијал во модулирањето на вродениот и стекнатиот имунитет.
Многу е важно е да се каже и следното: Нашиот имун систем е силно поврзан со многу други биохемиски и клеточни процеси во телото, па оттука оваа студија има позитивни импликации и врз целокупното наше здравје.
Поддршка на тироидната функција
Прелиминарните студии покажуваат ветувачки резултати во однос на користењето ашваганда за проблеми со тиродината жлезда. Имено, се покажало дека суплементирањето ашваганда кај лицата со ХИПОтироидизам води кон значително подобување во нивоата на тироидните хормони. Всушност, дошло до значително зголемување на тироидните хормони Т3 и Т4, а намалување на TSH.
Се смета дека способноста на ашвагандата да го намали кортизолот е причината зад овој ефект. Хронично зголемените нивоа на кортизол водат кон намалување на T3 и Т4. Изгледа дека ашвагандата го стимулира ендокриниот систем.
Сепак, лицата со ХИПЕРтироидизам мораат да бидат внимателни и да не употребуваат ашваганда. Бидејќи кај нив веќе нивоата на T3 и Т4 се превисоки, а на TSH намалени.
Зголемена енергичност и мускулна маса
57 машки испитаници кои редовно практикувале вежби со тежина, земале суплемент од ашваганда (екстракт од корен – 300mg), двапати дневно во период од 8 недели. Следени биле мускулната сила, големина и телесната композиција на испитаниците. Дополнително, евалуирани биле и времето потребно да за ,,репарација” на мускулното ткиво, како и тестостеронските нивоа.
Истражувачите заклучуваат дека суплеметирањето со ваков екстракт се поврзува со значително зголемување на мускулната маса, но и на мускулната сила.
Дозирање:
2-3 капсули на ден
АШВАГАНДА - СОСТАВ:
1 капсула Ашваганда содржи:
- 350 mg сув екстракт од Ашваганда (Withania somnifera) и
- 5,25 mg витанолиди.
Мерки на претпазливост:
- трудници и доилки
- лица со хипертироидизам
- лица со канцер на простатата
Корисни линкови и научни истражувања
An Alternative Treatment for Anxiety: A Systematic Review of Human Trial Results Reported for the Ayurvedic Herb Ashwagandha (Withania somnifera)
Scientific basis for the therapeutic use of Withania somnifera (ashwagandha): a review
Efficacy of Ashwagandha (Withania somnifera [L.] Dunal) in improving cardiorespiratory endurance in healthy athletic adults
An Overview on Ashwagandha: A Rasayana (Rejuvenator) of Ayurveda
Effects of Withania somnifera (Ashwagandha) and Terminalia arjuna (Arjuna) on physical performance and cardiorespiratory endurance in healthy young adults
Immunomodulatory Effect of Withania somnifera (Ashwagandha) Extract—A Randomized, Double-Blind, Placebo Controlled Trial with an Open Label Extension on Healthy Participants
A Randomized, Double-Blind, Placebo-Controlled, Crossover Study Examining the Hormonal and Vitality Effects of Ashwagandha (Withania somnifera) in Aging, Overweight Males
A Prospective, Randomized Double-Blind, Placebo-Controlled Study of Safety and Efficacy of a High-Concentration Full-Spectrum Extract of Ashwagandha Root in Reducing Stress and Anxiety in Adults
Clinical Evaluation of the Spermatogenic Activity of the Root Extract of Ashwagandha (Withania somnifera) in Oligospermic Males: A Pilot Study
An Overview on Ashwagandha: A Rasayana (Rejuvenator) of Ayurveda